Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Тринаесет кандидати за Ерусалимски патријарх (21.07.2005)

Процедурата за избор на нов Ерусалимски Патријарх е во тек откако вчера беше објавена листата на кандидати за патријаршискиот престол. На состанокот на Советот за номинација на кандидати во Ерусалимската Патријаршија беа избрани тринаесет кандидати. Митрополитот на Назарает Киријак и архимандритот Панарет беа изоставени од процедурата откако мнозинството на Синодот ги обвини дека имале двосмислен став за време на кризата во Патријаршијата. Следствено, листата ќе им биде соопштена на Владите во Јордан и во Израел и на палестинските власти, и откако ќе биде одобрена од нив, ќе биде вратена на местоблустителот на Светиот Гроб, Митрополитот на Петра Корнилиј, за да биде востановен датумот за избор.

 

 

Листата на Кандидати:

 

1. Митрополитот на Петра, Корнилиј

2. Архиепископот Таворски Теофил

3. Митрополитот Востронски Тимотеј

4. Архиепископот Константински Аристарх

5. Митрополитот Птолемаидски Паладиј

6. Архиепископот Тивериски Алексиј

7. Митрополитот Филаделфиски Бенедикт

8. Митрополитот Капитолеидски Исихиј

9. Секретарот на Светиот гроб Димитриј

10. Митрополитот Елефтеруполски Хризостом

11. Архиепископот Неаполиски Амвросиј

12. Архиепископот Герасонски Теофан

13. Митрополит Јописки Дамаскин

 

 

пренесува: http://news.ert.gr/en/newsDetails.asp?id=9740