Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Митрополитот г. Тимотеј освети црква посветена на Покровот на Пресвета Богородица во Повардарската епархија (25.07.2005)

Неговата Високопреосветеност Mитрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во својство на администратор на Повардарската Епархија со свештенослужители од епархијата (во велешкото архиерејско намесништво) вчера изврши осветување на новоизградената црква во с. Каратманово посветена на Покровот на Пресвета Богородица. На оваа црковна свеченост присуствуваа голем број  верници од селото и од околината, на кои Владиката Тимотеј на Светата Литургија им се обрати со празнична беседа. По осветувањето на црковниот храм и отслужувањето на Светата Литургија свештенослужителите заедно со својот Владика во црковниот двор извршија Водосвет.

 

 

Црквата посветена на Покровот на Пресвета Богородица е градена неколку години со донации на жителите од селото Каратманово. Дел од нејзината внатрешност е веќе фрескописан.