Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Лазарополе (26.07.2005)

На денот на Светите Никодим Елбасански, руската рамноапостолна кнегиња Олга и Светата великомаченичка Ефимија, во Лазарополе, во храмот на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, Божествена Литургија отслужи Неговото високопреподобие, архимандритот Партениј, со дел од братството на манастирот Бигорски. На Литургијата од певницата одговараа монахињи од сестринството на манастирот на Свети Георгиј во Рајчица. 

 

         

 

 

По свеченото богослужење, а со благослов на надлежниот архиереј,  Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, притекнатите верни се упатија со литија кон местото Богчедол (’Долина на Божјите чеда’), каде што архимандритот Партениј го освети новоизградениот параклис посветен на Светиот архистратиг Михаил. За непосреден повод изградбата на параклисот ја има ненадејната смрт на момчето Игор, внук на ктиторот, г-динот Данило Смилески, од Лазарополе, досегашен усрден помагач на црковните храмови, особено на црквата на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во селото.