Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Преображение на Господ Исус Христос (21.08.2005)

Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј во својство администратор на Повардарската епархија заедно со Митрополитот Брегалнички г. Агатангел отслужија Божествена Литургија во црквата на Свети Димитриј во Кавадарци. На Светата Литургијата  Владиката го благослови грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја.

 

 

 

           

 

 

На Светата Литургија со празнично слово кон собраниот верен народ се обрати Владиката Тимотеј, кој толкувајќи го Светото Преображение на Господ Христос пред тројцата Негови ученици, меѓу другото рече: „Господ споменатаите апостоли ги одвел на Гората за да им ја покаже и открие славата на Своето божество; дека е Тој Оној за Кого зборуваа пророците. Господ тоа го направени за да можат Неговите ученици да разберат дека Неговите страдања се доброволни, заради нас и заради нашето спасение. На Гората Тавор Отецот посведочи за Својот Единородниот Син велејќи Ова е Мојот возљубен Син, Него послушајте го.“