Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Ако престане да живее во минатото Србија ќе има важна улога во регионот (22.08.2005)

 

Србија би можела да има клучна улога во регионалната стабилност ако се откаже од територијалните претензии спрема соседите и ако престане да ги води територијалните и националните борби од деведесеттите години, изјави директорот на меѓународната кризна група, Џејмс Лајон. „Сѐ додека Србија не престане да живее во минатото и не престане со рехабилитацијата на наследството на Слободан Милошевиќ, никогаш нема да биде во состојба да воспостави вистински стабилни односи со своите соседи“, рече Лајон.

 

Според него Црна Гора би можела побрзо од Србија да се доближи до Европската унија ако ги исполни сите критериуми за усогласување со директивите на Брисел. Првиот човек на меѓународната кризна група оцени дека поставувањето на металната црква на црногорската планина Румија е очигледна провокација на Српската Православна Црква спрема Подгорица.

 

 

пренесува Телевизија „Канал 5“:

http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=6758&mid=1500&tabId=1&tabindex=0