Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Во чест на Свети Јоаким Осоговски (31.08.2005)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј со повеќе свештенослужители од Дебарско-кичесвката и Повардарската епархија во чест на великиот осоговски светител Јоаким отслужи Божествена Литургија во плаошкиот манастир на Светиот Климент Охридски Чудотворец и на Светиот великомаченик Пантелејмон во Охрид.

На Светата Литургија во краткото празнично слово Владиката на верениот народ му ја потенцираше улогата на Светителите како наши водители кон Небесното Царство, а особено на оние кои произлегуваат од нашиот род на кои им ги упатуваме нашите непрегорни молитви за спасение на нашите души. Тие се подвизувале во пустината и во “зелените“ пустини и оттаму засветлувале како небесни светила, кои денес во ликот на осоговскиот светител и ги празнуваме. Тие сведочат пред светот за Христа и за Царството Небесно и се нашите примери кои особено денес треба ревносно да ги следиме.