Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Прес-конференција за отворениот концерт на Мизар (02.09.2005)

Денес, во просториите на Домот на културата во Струмица се одржа прес-конференција на којашто пред медиумите беше најавен отворениот концерт на групата „Мизар“ за сабота, 3 септември 2005 г. на платото пред Домот на културата во Струмица со почеток во 20:30 часот. Концертот е во прилог за изградба на новиот соборен храм на Успението на Пресвета Богородица во Струмица. На прес-конференцијата учествуваа Митрополитот Струмички г. Наум и градоначалникот на градот Струмица г-динот Зоран Заев кои се организатори на овој настан, Горан Трајкоски, фронтмен на групата „Мизар“ и режисерот Дејан Пројковски.

 

На прес-конференцијата беше објавен телефонскиот број со чие повикување може да се донираат по 100 денари за изградба на овој соборен храм: 070143132