Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Српскиот академик Сима Ќирковиќ во интервјуто за белградскиот „НИН“ (22.09.2005)

Пастирот секогаш се избира од редовите на народот и не се наметнува од страна, а црковните граници секогаш ги следат политичките граници. Тоа се двата аргументи со кои српскиот академик Сима Ќирковиќ во интервјуто за белградскиот „НИН“ ја оправдува потребата од постоење автокефална Македонска православна црква. Тоа, всушност, според Ќирковиќ, се двете начела на вселенските собори што отсекогаш биле почитувани. Во спротивно, се наметнува дилемата дали Македонија престанала да биде православна, вели српскиот академик.

- Каноните на вселенските собори требаше да бидат вечни. Но бидејќи светот постојано се менува, каноните се потешко се применуваат и се отвора простор за нивни поинакви толкувања. Двете начела, сепак, отсекогаш се почитуваа. Првото е пастирот да се поставува од народот и да не се носи и наметнува од страна, а второто е црковните граници да ги следат политичките граници. На лаикот денес му паѓа в очи дека Српската православна црква (СПЦ) има свои епархии во (неправославните земји) Унгарија, Хрватска, Германија, Италија, САД, Австралија..., а ги нема во (православните) Бугарија, Романија, Русија, Грција... Дали Македонија престана да биде православна?

Така Ќирковиќ одговара на новинарското прашање зошто за СПЦ е неприродно македонската државна рамка да се пополни со автокефална Црква.

Ќирковиќ неодамна ја доби престижната награда „Владимир Чоровиќ“ за животното дело во областа на европската и светската историографија. Последната негова книга „Срби меѓу европските народи“ е кратка историја на српскиот народ, на која и претходела „Срби во средниот век“, а во подготовка била и книга за царот Душан.  

 

преземено од весникот „Време“:

 http://www.vreme.com.mk/vest.aspx?id=31219&vid=497