Осветување на црквата на Свети Никола во Сушица (23.09.2005)
Во неделата (18 август/05 септември) на денот на споменот на Св. праведни Захарија Елисавета, Неговата Високопреосветеност Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј со свештенослужители од својата епархија изврши осветување на црквата посветена на свети Николај чудотворец Мирликиски, во с. Сушица - Бродско. На осветувањето и на Божествената Литургија присуствуваа поголем број жители од ова село. Во оваа прилика Владиката му се обрати на собраниот народ со пригодна беседа. Црквата на Св. Никола е постара црква, изградена во 1912 година, а фрескоживописот е завршен во 1940 година.