Редослед на црковните случувања за празникот на Соборот на сите македонски светители (28.09.2005)
Во склопот на празнувањата на Соборот на сите македонски светители вечерта на 1 октомври (17.00 -18.00 часот) во манастирската црква на Свети Климент Охридски и на Светиот великомаченик Пантелејмон на Плаошник во Охрид ќе биде извршено наречение на новоизбраниот Епископ Полјански г. Пимен.
Хиротонијата на о. Пимен во Епископ на Македонската Православна Црква ќе биде совршена на Архиерејска Божествена Литургија во охридската црква Света Софија на 2 октомври (8.30 - 11.0 часот).
Свечена академија во чест на незаборавниот просветителски придонес на македонските светители на сесловенски културен план ќе се одржи вечерта на 1 октомври од 19.00 - 20.00 часот во црквата Света Софија во Охрид.
Молебен на Свети Наум Охридски во знак на благодарност за големиот Божји дар на 1100 годишното сведочење на манастирот на Свети Наум во Охрид ќе биде отслужен во неговата манастирска црква на денот на празникот на Соборот на сите македонски светители од 14.00 - 14.30 часот.
Во продолжение на големите црковни празнувања на 3 и 4 октомври во Калишта, близу Струга, ќе заседава Архиепископски црковно-народен собор.
Научниот собир на тема „Св. Наум - живот и дело” претстои во деновите од 19 до 22 октомври 2005 година.
„Со Божествена проповед го просветливте народот македонски, и со лачите на евангелската вистина ја украсивте вселената, светители сефални, славејќи Го Христа Господа, Кого Го заскавте од својата младост, како Божји угодници станавте жители небесни, столбови и заштитници на македонската Црква. Усрдно го празнуваме Вашиот спомен и Ви се молиме: бидете ни застапници пред Христа, нашиот Бог, за мир и спасение на нашите души!“