Календар, житија, пости
 

 

Православен календар за 08/08/2024

Календар, житија, пости
Почеток
 
 

Светиот свештеномаченик Ермолај

Свештеник Никомидиски. Во времето на царот Максимијан беше со оние дваесет илјади маченици коишто царот ги осуди да бидат изгорени в црква (житие под 28 декември). Ермолај некако ја избегна смртта во таа прилика, заедно со уште двајца други свештеници, Ермип и Ермократ. Тој го крсти Свети Пантелејмон и заедно со него беше изведен на суд, мачен и најпосле убиен со меч. Со него пострадаа и Ермип и Ермократ и сите беа овенчани со венци на победа и слава во Царството Христово. Чесно пострадаа околу 304 година.

Тропар
Презвитеру свети Ермолае, со силата и власта ти дадена одозгора ја разреши душата Пантелејмонова од лагата демонска, и срцето негово го приви за Господа. Радувај се, свет свештеномачениче, заедно со Ермип и Ермократ: за делата по Христа извршени, а верата спасоносна исповедана, и за нас молете се од одаите на вечноста.

Преподобната маченичка Параскева

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ? умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа христијанската вера. Први за проповедање на забранетата вера Света Параскева ја обвинија зли Евреи. Ја изведоа на суд пред царот Антонин. Сите ласкања на царот не помогнаа ни најмалку да ја поколебаат Божјата слугинка во вистинитата вера. Тогаш ја подложија на огнени маки и ? ставија усвитен шлем на главата. Но Господ чудесно ја спаси и таа се избави и се оддалечи од Рим. Тргна од град во град да го обраќа тогашниот незнабожечки народ кон христијанското благочестие. Уште во два града беше изведувана пред кнезови и судии и истизавана за Господ, но притоа вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките. Како и секогаш, незнабожците нејзините чуда ги припишуваа на магии, а нејзиното опоравување на силата и милоста на нивните богови. Еднаш на кнезот мачител Света Параскева му рече: „Не ме исцелија твоите богови кнезу, туку мојот Христос, вистинскиот Бог“. Најпосле некој кнез Тарасиј ја уби со меч. Тоа беше славниот крај на многуплодниот живот на оваа светителка. Нејзините мошти подоцна беа пренесени во Цариград. Чесно пострада за Христа во 2 век.

Тропар
Откако твојата ревност ја направи слична на твоето име, во наследство ја прими твојата жива вера, маченице Параскево. Затоа излеваш исцеленија, и се молиш за душите наши.

Кондак
Дојдете, верни, заедно да ? запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го мракот на прелеста, и благодат неисцрпна им дава на верните, кои повикуваат: Радувај се, маченице многустрадална.

Преподобен Мојсеј Угрин

Беше на дворецот на младиот руски кнез Борис. Кога безбожниот Свјатополк го уби Борис, Мојсеј се избави и побегна во Киев. Но малку подоцна беше одведен како роб од полскиот крал Болеслав во Полска, каде што за илјада златници ? го продадоа на некоја млада скверна вдовица, жена на загинат војвода на Болеслав. Оваа изопачена жена го наведуваше Мојсеј на блуд, но тој не дозволи да биде заведен, зашто се имаше заветувано да живее чисто пред Господ. Тогаш таа му предложи брак, но ја одби. Тајно прими монашки чин од некој светогорец и се јави пред својата госпоѓа во монашко расо. Таа го врза, нареди да го шибаат и да му го отсечат тајниот орган. Маките траеја цели пет години. Цели пет години траеше заведувањето на оваа бесрамна жена, а други пет години маките и истизавањата. Но во некоја буна ненадејно загина кралот Болеслав, а ја убија и Мојсеевата господарка. Тогаш тој слободно замина во Киев и се предаде на подвиг на безмолвие кај Свети Антониј. Бидејќи ја имаше победено срамната похот во себе, на мнозина им помагаше да се спасат од неа. Неговите Свети мошти исто така им помагаат на многумина (види го житието на многустрадалниот Јован под 8 јули). По десетгодишен подвиг на безмолвие во една пештера, Свети Мојсеј се упокои на 26 јули 1043 година и се пресели во Христовото Царство.

Тропар
О Адаме, кого змијата не го опрелести, о Мојсеј, кого Ева не го наговори, туку ти, оче преподобен, за Христовата чистота се приви, душа си излечи и крвоточиво мачеништво за сведоштво придоби. Моли се за нас, воину Господов, дарот на светот да не н? измами, и пред Бога во чистота да останеме.