Празнувањата на Благовештение во Москва
 
 
 
 
 

Празнувањата на Благовештение во Москва (07.04.2006)

Денес, Руската Православна Црква го слави празникот на Благовештението на Пресвета Богородица со бројни радосни свечености и богослужења. Уште во текот на изминатата ноќ во пресрет на празникот Патријархот Московски и на цела Русија Алексиј Втори отслужи сеноќно бдение во црквата на Свети Никола во Звонари, во метохот на Пјухтицкиот Успенски манастир.

Празничната Божествена Литургија Патријархот ја отслужи во соборната црква на московскиот Кремљ посветена на Благовештението на Пресвета Богородица. По ова, во големата соборна црква во Свето-Донскиот манастир, Патријархот отслужи молебен пред моштите на светиот Московски патријарх Тихон, кој на овој ден 1925 година се претставил во Господа.

По молебниот, според старата руска благовештенска традиција, Патријархот Алексиј пуштил од кафези на слобода птици и на присутниот верен народ му се обратил со просветителско слово, а потоа го посетил новоизградениот манастирски храм посветен на благоверниот кнез Алексанадар Невски.

 

„Празникот на Благовештението на Пресвета Богородица во средината на Великиот пост е радосен и светол зрак кој сведочи за тоа дека не сме сирачиња, дека за сите нас пред Престолот Божји претстои Царицата Небеска“, во беседата денес рекол Патријархот Алексиј.

 

                          

 

 

 

                                                       

                                        соборен храм на Благовештение во Кремљ                                        голем соборен храм во Донскиот манастир

 

 

 

 

 

извор: www.patriarhia.ru