Во Харков повторно отворена изложба ’Православна Украина’
 
 
 
 
 

Во Харков повторно отворена изложба ’Православна Украина’ (08.04.2006)

 

Во Харков е во тек изложбата ’Православна Украина’, на која учествуваат претставници на цркви, манастири, издавачки куќи и занаетски работилници од Русија, Белорусија, Украина и Србија.

Како што соопштува весникот „Вечерен Харков“, и покрај отсуството на широка реклама, уште од првиот ден од отварањето на саемот граѓаните пројавиле огромен интерес кон изложбата.

Првата изложба ’Православна Украина’ во Харков беше одржана сосема неодамна, во декември минатата година, пред празникот на Христовото Рождество.

Меѓу учесниците на изложбата овојпат има голем број претставници од западно-украинските манастири. Три од нив се од Роденската област: манастирот на Волинската икона на Мајката Божја, манастирот на Рождеството на Пресвета Богородица ’Белевска’ и манастирот на Покровот на Пресвета Богородица ’Гоштанска’. Монахињите од Гоштанскиот манастир донесоа со себе репродукција на старата икона на Мајката Божја ’Сострадание’, што била осветена уште во времето на митрополитот Петар Могила.

Изложбата ги обединува православните браќа и сестри од соседните братски земји - Русија и Белорусија.

Српската Православна Црква на изложбата во Харков ги изложи производите на фабриката ’Српска традиција’ – сребрени икони, медалјони, свеќници и камбани.

Влезот на изложбата е слободен, а ќе биде отворена до крајот на оваа недела.

 

 

извор:http://www.pravoslavie.ru/news/060406153923