По 300 години од неговото устројување Саровскиот манастир ќе биде ревитализиран според првобитниот изглед
 
 
 
 
 

По 300 години од неговото устројување Саровскиот манастир ќе биде ревитализиран според првобитниот изглед (09.04.2006)

Саровскиот манастир ќе биде возобновен со неговиот автентичен изглед, а во рамките на овој зафат ќе биде потребно да се премести и главната магистрала на градот Саров (во Нижегородската област во Русија).

Според зборовите на помошниот раководител на рускиот федерален нуклеарен центар и член на управата на фондот на Преподобниот Серафим Саровски, Димитриј Сладков, магистралниот пат поминува над уникатните древни подземни манастирски градби, а колоните возила што секојдневно минуваат по него ќе бидат непогодни за подземниот простор. Затоа, се планира градската магистрала во иднина да го заобиколува манастирот.

 

                Саровскиот манастир, 1936 година


Во 2006 година Саровската пустина ќе го одбележи својот 300 роденден. Прославата ќе се одржи кон крајот на јули или во почетокот на август во Саров и во Дивеево. За овој јубилеј ќе бидат обновени манастирската црква на Свети Јован Предвесник и подземната црква на Светите Антониј и Теодосиј Киевопечерски, чија изградба според преданието започнала во далечната 1690 година.

Катакомбите на Саровскиот манастир се уникатни градби. Кон крајот на 19 век монасите успеале така да го устројат подземниот комплекс, што многубројни поклоници притекнувале таму привлечени од нивниот редок амбиент.

 

извор: http://www.annews.ru/modules.php?name=News&file=article&sid=37582                                                                старата црква во Саровскиот манастир