На 30 април Руската Православна Црква ќе одржи помен за жртвите на чернобилската трагедија
 
 
 
 
 

На 30 април Руската Православна Црква ќе одржи помен за жртвите на чернобилската трагедија (27.04.2006)

Во црквите на Московската Патријаршија на 30 април 2006 година, 20 години после чернобилската хаварија ќе се одржи помен за жртвите од несреќата.

Раководителот на службата за комуникација на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, свештеникот Михаил Прокопенко, изјави дека во декември минатата година Светиот Синод на Руската Православна Црква востановил во православните храмови да се совршуваат молитви за жртвите на несреќата, а исто така и за здравјето на оние коишто се трудат да ги ублажат нејзините последици.

Тој подвлече дека обидот да се отстранат последиците на трагедијата е постојан напор којшто бара самопожртвување и којшто е секогаш ризичен по животот на луѓето коишто до ден денешен ја полагаат душата своја за другите. Извор: Интерфакс



параклис на Пресвета Богородица “Радост на сите оскрбени“