Делегација на Руската Православна Црква ја посети Етиопија (17.06.2006)
Од 7 до 12 јуни 2006 година делегација на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија беше во посета на Етиопија. Цел на посетата беше возобновување на повеќестраните врски што во минатото постоеја меѓу Руската Православна Црква и Етиопската Црква, кои во последно време станаа нередовни. Делумно се разгледуваа можностите за возобновување на програмите за размена на студенти, взаемни посети на црковните делегации, богословски дијалог. Делегацијата на Руската Православна Црква го посети женскиот манастир Себата во близина на Адис-Абеба, кој, покрај другото, се занимава и со активна социјална дејност и има во своите рамки сиропиталиште за девојчиња. На 11 јуни, на денот на Педесетницата, претставниците на Руската Православна Црква го посетија храмот на Христа Спасителот на Етиопската Црква, а потоа учествуваа во богослужението во храмот на Александриската Православна Црква во Адис-Абеба. Истиот ден тие го посетија манастирот Дебре Либанос, еден од најпознатите монашки центри на Етиопската Црква.