Грчкиот Архиепископ против мешањето на Црквата во политичките дела на државата (26.02.2008)
Грчки архиереи, обединети околу Солунскиот митрополит Антим, побараа на претстојната седница на постојаниот Свет Синод на Грчката Црква да се донесе решение за свикување на масовни општогрчки митинзи против официјалното именување на Македонија. Солунскиот митрополит ја има поддршката од сите митрополити од Северна Грција.
Атинскиот Архиепископ Иероним изјави дека не сака првата седница на архиереите да е одбележена со поделби и образување на „свештени блокови“, но доколку тоа се случи, тој ќе го потврди својот негативен став кон митинзите и мешањето на Црквата во политичките дела на државата.
„Државата е одговорна за надворешната политика на земјата и најповеќе за националните прашања, кои бараат многу деликатни и прецизни дејствија“, изјави архиепископот Иероним во одговор на прашањата на новинарите на оваа тема.
Извор: Дверибг.нет