Руската Црква зазема бескомпромисна позиција во дијалогот со католиците по прашање на вероисповедањето – Митрополит Кирил
 
 
 
 
 

Руската Црква зазема бескомпромисна позиција во дијалогот со католиците по прашање на вероисповедањето – Митрополит Кирил (23.01.2009)

Во дијалогот меѓу Руската Православна Црква и католиците не може да има никакви компромиси во врска со прашањето околу исповедањето на верата, изјави местобљустителот на патријаршискиот престол на Руската Црква Митрополитот Кирил.

„Позицијата на Римо-католичката црква во многу прашања од животот на општеството е поблиска кон православната гледна точка отколку позицијата на протестантите. Иако, ние знаеме за цел низ разидувања во вероисповедањето и праксата на Православната и католичката црква, и во таа област не можат да постојат никакви компромиси“, изјави Владиката во интервјуто за списанието „Аргументи и факти“.

Тој укажа на тоа дека во односите на Руската Црква со инославните конфесии „сите страни се свесни за постоечките принципиелни разлики, и самото тоа што сме во општење не значи дека ние се стремиме да бидеме една целина“.

„Исто така, на пример, иако Русија ги одржува односите со САД, воопшто не се стреми кон тоа да стане една од американските држави“, изјави Митрополитот.

Тој констатираше дека разликите во вероисповедањето и религиската пракса меѓу Православието и инославните конфесии „сега само се зголемуваат“. На пример, со некои од протестантските општини – Лутераската црква во Шведска и Епископската црква на САД – „дојде до целосен прекин на односите заради официјалното одобрување на хомосексуализмот од нивна страна“.

Митрополитот забележа дека Православната Црква „и е една света, соборна и апостолска Црква преку која Бог на човекот му го открива патот во вечниот живот“.

„Еве зошто е за нас толку важно да ја сочуваме верата којашто ни е предадена од Самиот Христос, Неговите апостоли и ранохристијанската заедница. Ние ја сведочиме таа вера на нашите ближни и далечни. Но, тоа не ни пречи да бидеме отворени и добронамерни кон луѓето со поинакви сфаќања, со коишто ние живееме во исто општество“, изјави Митрополитот Кирил.

 

Извор: Интерфакс