Биографија на новоизбраниот Руски Патријарх
 
 
 
 
 

Биографија на новоизбраниот Руски Патријарх (28.01.2009)

Сегашниот Патријарх Кирил Први е роден во 1946 г. во денешен Санкт Петербург под световното име Владимир Михајлович Гундџаев а се замонашил во 1969 г. Откако служел како помошник на тогашниот ленинградски митрополит Никодим, бил положен за официјален претставник на Руската православна црква во Светскиот конгрес на црквите, а во 1976 г. станал епископ на виборг. Во 1984 г. станува архиепископ на Смоленск и Вјазма, аво 1991 г. ја добил тутулата митрополит.


Во хиараехијата на Руската правиславна црква, досегашнито митрополит Кирил бил задолжен за односите со другите цркви, Како најголем негов успех се вбројува обединувањето на Руската православна црква и Руската православна црква во странство во 2007 г., која била основана од страна на православното свештенство и верници кои избегале од Русија по победата на болшевиците во Октомвриската револуција.
За новиот руски патријарх, руските медиуми сметаат дека е близок со политичките лидери во Кремљ, а пред изборот беше обвинуван од нив и за соработка со поранешната КГБ. Руските тврди правослваци, пак, го обвинуваат за преголемиот екуменизам, посочувајќи дека може да се очекува и папата Бенедикт Шеснаесетти да ја посети Русија.


Ватикан веќе го поздрави изборот на Кирил Први, изразувајќи надеж за продлабочување на односите меѓу двете свети столици. Починатиот руски патријарх Алексиј Втори жестоко ги одбиваше сите покни за средби, особено со претходнио папа Јован Павле Втори.

 
Патријархот Кирил Први беше привремен водач по смртта на претходнито руски патријарх Алексеј Втори, при крајот на минатата година.

 
На Соборот првпат можеа да учествуваат и свештениците и верниците надвор од Русија. Кирил имаше двјаца противкандидати, митрополитот Климент и митрополитиот Филарет, кој за време на одржување на Соборот се откажа од кандидатурата и неговит приврзаници ги повика да гласаат за Кирил.


Во московскиот соборен храм „Христос Спасителот“ Кирил Први е избран за патријарх Московски и на цела Русија, како што соопштил претседавачот на отчетната комисија митрополиот Екатеринодарски и Кубански Исидор, со гласовите на 508 делегати на на Соборот од вкупно 701 учесник, додека за митрополитот Климент гласале 169 делегати. Гласањето било тајно во еден круг и траело околу четири часа.


По благодарниот молебен Кирил изјавил дека го прима патријарството со смиреност и целосна посветеност.


Портпаролката на рускиот претседател Дмитриј Медведев, Наталија Тимакова за руските новинари изјавила „Медведев изразува надеж за натамошно зацврстување на дијалогот меѓу Руската православна црква и државата во смер на развој на земјата и закрепнување на духовните вредности“.

 

Извор: „Форум“