Патријархот на цела Грузија Илија II еднаш неделно ќе има средби со младината
 
 
 
 
 

Патријархот на цела Грузија Илија II еднаш неделно ќе има средби со младината (17.03.2009)

Секој вторник, во 15.00 часот, Патријархот Илија II ќе држи предавања за млади. Средбите ќе се одржуваат во Центарот за духовен и интелектуален развој на младината при Грузиската Патријаршија.

Поглаварот на Грузиската Црква ќе разговара со младите на различни теми и ќе одговара на прашања.

Присуството на предавањата е слободно.

 

Извор: Патриархиа.ру