Руската Православна Црква ќе основа телевизиски канал (21.03.2009)
Руската Православна Црква е подготвена за формирање на федерален телевизиски канал, изјави Калужскиот Митрополит Климент во интервју за весникот „Вести“. „Ние многу добро соработуваме со федералните телевизиски канали, подготвувајќи филмови и предавања на црковна тема. Можеме со увереност да кажеме дека денес Црквата има одреден опит за да можеме да зборуваме за создавање на комплетен црковен канал“, изјави Митрополитот Климент во одговор на прашањето дали Руската Црква е способна да создаде таков канал во блиска иднина.
„Меѓу нас има воцрковени луѓе, кои имаат професионален опит од работа во светските медиуми, вклучувајќи и опит од работа во телевизијата, и кои ја разбираат специфичноста на телевизискиот формат“, додаде тој. Освен тоа во последно време со учество на Црквата се одржуваат многу кинофестивали, на пример „Златен витез“, „Руско семејство“, „Средба“, каде што се претставуваат филмови на многу професионално ниво. „Овие филмови се убави, но денес не ги прикажуваат многу на телевизија, бидејќи не можат да ја издржат конкуренцијата на наводните филмови со банална содржина. Создавањето на телевизиски телеканал ќе помогне истакнатите дела на авторите на овие филмови да се прикажуваат пред широк аудиториум, внесувајќи во животот на човекот љубов и добрина“, рече Митрополитот Климент.