Зголемување на интересот на Американците за Руските новомаченици и исповедници (26.03.2009)
Од 17 март во САД се случи значаен пораст на бројот на влегувања во базата на податоци за „Руските новомаченици и исповедници“, информираат од Факултетот за информатика и математика на Православниот Свети Тихонов хуманитарен универзитет. За тоа соопшти деканот на Факултетот професорот Н. Е. Емелјанов.
Според неговите зборови, анализата на статистичките податоци покажува дека наглото зголемување на интересот за базата на податоци е поврзано со празнувањето на првото отѕвонување на камбаните вратени од Харвард (САД) во Даниловиот манастир, на нивното поранешно место, на денот на благоверниот кнез Даниил Московски.
Свечената богослужба во Даниловиот манастир на овој ден ја возглави Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил, кој во својата беседа се обрати кон жителите на Русија и Америка со повик да се обратат кон Христос. „Да даде Бог, по молитвите на свети Даниил Московски, звукот на овие камбани да помогне и Русите и Американците да не го заборават патот кон Бог“, рече Патријархот Кирил.
Н. Е. Емелјанов го поврзува растот на активностите на американските посетители на базата на податоци токму со повикот на Поглаварот на Руската Црква. Со тоа што тој веќе продолжува повеќе од 7 дена. Бројот на влегувањата од САД се зголемил во последната недела за 5 пати, што доведува до општ пораст на бројот на влегувања за 15-20%.
Извор: Патриархиа.ру