Митрополитот на цела Америка и Канада ќе ја посети Русија
 
 
 
 
 

Митрополитот на цела Америка и Канада ќе ја посети Русија (27.03.2009)

Во сабота, на 21 март 2009 година, Митрополитот на цела Америка и Канада Јона го прими во Националната канцеларија во Сајосет, Њујорк, својот официјален претставник при Московската Патријаршија архимандритот Закхеј (Вуд).

Во текот на средбата архимандритот Закхеј му ги пренесе на Владиката тековните дејности на московското претставништво на Православната Црква во Америка – храмот на света великомаченичка Екатерина – како и за претстојните планови по повод празнувањето на 15-годишнината од основањето на Претставништвото на ПЦА во Москва во 1994 година.

Тие ги разгледаа подробностите на програмата за првата официјална посета на Митрополитот Јона на Москва, која архимандритот Закхеј по враќањето во Москва за неколку дена ќе му ја предаде на Неговата Светост Рускиот Патријарх Кирил да ја прегледа.

Свеченостите по повод 15-годишнината од основањето на подворјето ќе започне со посетата на Митрополитот на цела Америка и Канада Јона на Русија после Пасха и ќе заврши со престолниот празник на храмот на великомаченичката Екатерина на 7 декември 2009 година.

 

Извор: Сајт на Московското Претставништво на Православната Црква во Америка