Обавезно изучување на веронаука во училиштата во Грција
 
 
 
 
 

Обавезно изучување на веронаука во училиштата во Грција (01.04.2009)

Постојаниот Свет Синод на Грчката Православна Црква чијшто поглавар е Архиепископот Атински и на цела Грција Иероним, му се обрати со писмо на Министерот за образование и верски прашања г. Арис Спилиотопулос, искажувајќи ја непроменливата позиција на Грчката Црква за обавезно изучување на веронаука во училиштата за православните ученици (како што налага и Уставот) и за вработување на повеќе дипломирани богослови. Во писмото се наведува дека бројот на дипломирани богослови во Грчката Православна Црква секоја година се зголемува, така што сега вкупниот број на невработени богослови изнесува 4000. Исто така е нагласена потребата да им се помогне со нивно вработување како водичи во музеите или како членови на епархискиот персонал.

 

Извор: Romfea