Делегација на Цариградската Патријаршија ќе го посети Ватикан
 
 
 
 
 

Делегација на Цариградската Патријаршија ќе го посети Ватикан (25.06.2009)

На празникот на светите Петар и Павле во Рим ќе присуствува делегација на Цариградската Патријаршија.

Секоја година на 29 јуни Цариградскиот Патријарх испраќа свои претставници во Рим, а на 20 ноември папата испраќа делегација на празникот на свети Андреј Првоповиканиот во Истанбул. Оваа традиција потекнува од 1969 година, кога претседател на Ватиканскиот совет за христијанско единство бил кардинал Јоханес Вилебрандс.

Оваа година делегацијата на Цариградската Патријаршија ќе ја предводи Митрополитот Француски Емануил (Адамакис), директор на Претставништвото на Православната Црква при ЕУ. Во составот на делегацијата ќе влезат и епископот Синопски Атинагора, помошник на Митрополитот Белгиски и свештеникот Јоаким Билис од Фанар.

 

Извор: Патриархиа.ру