Не е е организирана средба на Московскиот Патријарх Кирил со папата
 
 
 
 
 

Не е е организирана средба на Московскиот Патријарх Кирил со папата (08.10.2009)

Претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската Патријаршија, Архиепископот г. Иларион, ги демантираше вчера информациите дека Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил ќе го посети Ватикан во блиска иднина.

„Не постои никаква подготовка за посета на Патријархот Кирил на Ватикан, ниту на некоја конкретна земја или некој термин“, нагласи Архиепископот Иларион.

Исто така, г. Иларион нагласи дека „воопшто не е дискутирано прашањето за посета на папата Бенедикт на Русија, бидејќи средбата може да се случи на неутрално место“.

Архиепископот Иларион потсети дека главната цел на дијалогот помеѓу Руската Православна Црква и Римокатоличката не е просто една средба на нивните поглавари, туку „коренито подобрување на нашите односи, и да се надминат проблемите што постојат“.

На крај, тој го наведе и проблемот на прозелитизмот што постои, кој претставува многу агресивна политика во 90-те години на 20 век, како и проширувањето на унијата во Украина.

 

Извор: Romfea.gr