Седница на Архиерејскиот Собор на Грчката Православна Црква
 
 
 
 
 

Седница на Архиерејскиот Собор на Грчката Православна Црква (21.10.2009)

Архиерејскиот Собор на Црквата на Грција на своето попладневно заседание на 15. октомври, по предлог на Блажењејшиот Архиепископ Атински и на цела Грција г. Јероним, дискутираше по прашањето на дијалогот помеѓу Православните и Римокатолиците.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

При дискусијата беа формулирани следниве ставови:

 

 

1.                          Констатирана е потребата за понатамошно поцелосно информирање на Архиерејскиот Собор за овие значајни прашања. Се изјави дека од сега па натаму Архиерејскиот Собор ќе се запознава со сите фази на дијалогот, а во друг случај ниту еден текст не е обврзувачки за Црквата. Впрочем тоа го налага Синодалниот начин на живот на Црквата.

2.                          Дијалогот треба да се продолжи, но во православни еклисиолошки и канонски рамки, секогаш со консултирање со Вселенската Патријаршија, како што е сеправославно одлучено.

3.                          Претставниците на нашата Црква во конкретниот дијалог имаат јасно познавање на Православната Теологија, на Еклисиологијата и на Црковното предание и своите знаења и сили ги принесуваат кон целта за „единство на сите“, „во вистина“ и во неопходните богословски рамки и одлуки на Сеправосланите Конференции.

4.                          Текстот од Равена и текстот за кој треба да се дискутира на Кипар имаат карактер на извештај и е потребно нивно одобрување од страна на помесните Автокефални Цркви, следствено и од Црквата на Грција. Тоа практично значи дека нема да има завршени настани без Синодалната одлука на Ариерејскиот Собор. Архиереите се чувари на Православното Предание, како што исповедале и и при нивното ракополагање во архиерејски чин.

5.                          Во врска со текстот кој ќе се однесува на првенството на Римскиот папа во првиот милениум, и кој ќе биде составен во Кипар следниве денови, на претставниците на нашата Црква им беше дадена насока да се заложат во конечниот текст да се запише канонската позиција на првенството на Римскиот папа во првиот милениум во однос на Вселенските Собори и со осврт на 3. канон на Вториот Вселенски Собор и на 28. канон на Четвртиот Вселенски Собор.

6.                          Архиерејскиот Собор на Црквата на Грција го следи и ќе продолжи да го следи прашањето на дијалогот на Православната Црква со инославните и затоа текстот „Исповедание на Верата“ го смета како излишен.

 

Соборот ги замолува верниците да имаат доверба во нивните Пастири и да одбегнуваат дејствија коишто е возможно да создадат дополнителни проблеми.

 

Извор: Romfea.gr