Православната Црква во Америка неодамна во своите крилја прифати 5000 крстени Индијанци (19.12.2009)
Православната Црква во Америка, која обединува повеќе од 700 парохии во Мексико, САД и Канада, неодамна во своите крилја прифати 5000 крстени Индијанци.
Наскоро на Црквата ќе и се приклучат повеќе илјади граѓани на Гватемала кои сакаат да го примат Православието, нагласи во интервју за Pravoslavie.ru, Митрополитот на Америка и на Канада г. Јона (OCA)
Г. Јона уште нагласи: „Повеќето од граѓаните на Гватемала, кои планираат да станат Православни, му припаѓаат на народот на Маите“.
„Ако ги земеме тие граѓани на Гватемала, како и претставниците на автохтоните населенија од други земји на Латинска Америка, тогаш Индијанците би можеле да станат главната етничка група на Американската Православна Црква. Лично, јас би се радувал за тоа“, наведе Митрополитот Јона.
Исто така Митрополитот нагласи дека Католичката Црква брзо го губи своето влијание во Латинска Америка, а причина за тоа се нејзините тесни врски со повисоките класи на општеството.
„Еден голем дел од сиромашните, што претставува мнозинство од населението во областа, се разочарани од Католичките пастири и се приклучија на Протестантите, Мормоните и други еретици“, објасни Митрополитот Јона.
На крај, зборувајќи за Православните Индијанци во Америка, Митрополитот Јона наведе дека можеби наскоро во Алјаска ќе се одржи Конгрес на Православните Индијанци.
Извор: Romfea.gr