Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Детската изложба „Велигден 2009“ – Скопје (28.04.2009)

„Велигден 2009“ - така беше именувана детската изложба на најдобрите песни, цртежи и модели коишто учениците од V-то одделение ги беа изработиле на часовите по веронаука. Но, и од најдобрите беа издвоени и наградени десетте најдобри ликовни и поетски творби, а наградите им ги додели Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. На изложбата со неколку композиции на духовна музика настапи детскиот хор „Лале“ од Тетово, под диригентство на проф. Иван Зориќ.

Синот Божји

Од небото ангел слезе кај Марија Дева в час,
и ја кажа тогаш веста - Спасител ќе роди наш.
На небото ѕвезда блесна, што низ живот ќе нè води,
во незнајна штала тогаш Синот Божји ни се роди!
Чист по душа и по срце животот го мина
Тој на добрина и вера народот го научи свој. Многумина
Го следеа Учителот љубен свој, каде и да одеше народ собран - ко пчели в рој.
Распнат на крст пострада за прошка на гревот наш тој воскресна
и со тоа спасени сме во тој час. Сине Божји, Христе Боже,
верувам во Тебе јас, и секој ден Ти се молам да нè чуваш сите нас!

автор: Давор Гошевски, О.У. „Димитар Македонски“, Скопје

 

Веронаука 

Веронауката за учење е многу лесна,
може да се научи како една песна.
Во веронауката за Бога учиме ние,
можете да ни се придружите ако сакате и вие.
Во веронауката многу забавни лекции има,
забавни како играта в зима.
Молитви ние учиме разни
и секогаш ги кажуваме,
Господ да не нè казни
И други важни работи учиме ние,
затоа на час никогаш не ни се спие. 
Веронауката за учење е многу лесна
лесна, како една песна.                                      
автор: Давор Голиќ,  V-1 одделение О.У. „Ѓорче Петров“

 

        

 

       

 

       

Известува: Калина Трпеска