Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Бигорски (21.02.2005)

 

 

 

На денот кога Светата Црква го прославува молитвениот спомен на нашиот Свет отец Партениј, епископ Лампсакиски, а којшто оваа година се совпадна со Неделата на митарот и фарисејот, која го означува почетокот на подготовките за Чесниот пост, во Бигорскиот манастир се собраа многубројни духовни чеда на тамошниот старец, архимандритот Партениј, којшто за свој молитвен застапник го има Божјиот угодник Партениј Лампсакиски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Во чест на неговиот именден во манастирот на Свети Јован Крстител (Бигорски) се собраа монашкото братство, сестринството од неговиот Метох во Рајчица - женскиот манастир на Св. великомаченик Георгиј Победоносец, и неговите бројни духовни чеда кои живеат во духовен подвиг по своите домови ’во светот’.

 

 

 

 

 

 

Чествувањето на Свети Партениј Лампсакиски започна со празничната Вечерна на која притекнаа дотогаш допатуваните гости, а на празничната Утрена и на Божествената Литургија собранието во својот полн број му принесе срдечни славословија и прозби на прославениот Светител и преку него на изворот на секоја светост и благобитие, најмилосрдниот Бог наш, Света Троица.

   

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

На ова богослужење освен свештеномонасите од Бигорскиот манастир служеа и поранешниот нивен собрат, свештеномонахот Вартоломеј, денес старешина на манастирот на Сите Светии во с. Лешани и архиерејскиот намесник на Дебарското архиерејскко намесништво, о. Благој Спироски. На општо жалење, Владиката Тимотеј заради здравствени причини не беше присутен на ова собрание.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Му благодариме на Бога Кој со Својата благодат го осенува монашкиот подвиг на старецот Партениј веќе 10 години, а со ова и за десетгодишното обновување на монашкото братство во Бигорскиот манастир, под епископскиот благослов на Неговата Високопреоветеност, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј.