Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Кризата во Грчката Патријаршија во Ерусалим продолжи и за време на празникот (05.05.2005)

Во Ерусалимската Патријаршија атмосферата е сѐ уште тешка. Во отворено писмо објавено неодамна 11 митрополити и 23 архимандрити, сите членови на заедницата на Светиот Гроб, изјавија дека повеќе не го признаваат Иринеј за Патријарх и дека прекинуваат каков било контакт со него. Всушност 7 од потпишаните Епископи се членови на Светиот Синод, во којшто Патријархот Иринеј најверојатно ќе направи измени пред крајот на денот. Во своето писмо клириците го обвинуваат Иринеј за кризата што настана во Ерусалимската Патријаршија и го повикуваат да поднесе оставка или ќе биде сменет. Досега немаше официјална реакција од Фанар, додека некои кругови во Ерусалим проценуваат дека писмото ќе предизвика понатамошни настани во Светата Земја.

 

Отстранување или оставка

 

Писмото наведува дека Патријархот Иринеј е лично одговорен за ситуацијата во Патријатршијата и изнесува обвиненија против него велејќи дека тој е опседнат од „дух на лага, црковна измама и девалвирање на синодскиот систем“.

 

Истовремено во изјавата стои дека патријархот му штети на угледот на Патријаршијата и „е неспособен да ги извршува своите должности, како личност која не се потпира врз норма, обичај и закон“, а го обвинуваат дека стои зад продажбите и долгорочните изнајмувања на земјиште. Како што нагласуваат, „единствениот излез“ е Иринеј или да си замине или да биде отстранет и бараат свикување на Синод на Православните Цркви за решавање на проблемот.

 

информација преземена од www.ert.gr