Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Учесниците на седницата во Цариградската Патријарпија побараа оставка од г. Иринеј (16.05.2005)

Брз развој на настаните во Ерусалимската Патријаршија: денес поладне, за време на средбата во Фанар на која присуствуваа и претставници на Патријархот Иринеј, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Александрискиот Патријарх Теодор, побараа од г. Иринеј оставка, одлучувајќи дека тоа е единственото решение за блокадата во Ерусалимската Патријаршија. Преставникот на г. Иринеј, Митрополитот на Назарет, г. Киријакос, ги одрече сите обвинувања и побара да му се даде време. Интервенцијата на двајцата високи Поглавари во Ерусалим беше поздравена, а според некои извори официјалната реакција на Братството на Светиот Гроб се очекува да биде соопштена во вторник. Сега сите интересирања се насочени кон Светиот Синод на Ерусалимската Патријаршија, кој ќе заседава во вторник по прашањето за свикување на Поширокиот Синод, кој ќе одлучи за судбината на г. Иринеј.

 

На денес одржаната седница во Цариградската Патријаршија покрај патријарсите од Цариград и Александрија учествуваа и митрополитите на Пергам, Белгија, Карпатос, Торонто, Иконија, Филаделфија и Севастија, како и првиот секретар на Синодот, архимандритот Елпидофор.

 

Митрополитот на Назарет, г. Киријакос, тврдеше дека обвинувањата против г. Иринеј се лажни и дека Патријархот никогаш не потпишал никакви договори за закупи, и побара од г. Вартоломеј интервенција во насока на задоволување на сите страни.

 

Изворите јавуваат дека г. Вартоломеј разјаснил дека Цариградската Патријаршија не дејствува како суд, а дека г. Иринеј би морал да се повлече дури и да е во право, заради мирот во Црквата и како зачувување на достоинството.

 

Во вторник Светиот Синод на Патријаршијата ќе се состане за да расправа за кризата во Ерусалимската Патријаршија, а се очекува и да одлучи официјално да го признае тричлениот одбор привремено назначен да управува со неа.

 

Вредно е да се потсети дека г. Иринеј по вторпат одби да присуствува на состанокот во Истанбул, факт кој што Царигардската Патријаршија го забележа. Всушност, на вториот претставник на г. Иринеј, архимандритот Иринеј, не му беше допуштено да влезе на состанокот и беше принуден да чека во дворот на Цариградската Патријаршија.

 

 

 

информацијата преземена од: http://news.ert.gr/en/newsDetails.asp?ID=7927